Два лека од оние што недостасуваа пристигнаа на Онкологија

Од:

Два лека од оние што недостасуваа, пристигнаа на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија, пациенти се известуваат дека можат да ја примат потребната терапија, потврди директорот Игор Стојковски.

Директорот рече дека од следната недела ќе располагаат со новите буџетски средства со што ќе се обезбеди терапијата за пациентите на клиниката до крајот на оваа година. Доколку има потреба од дополнителни финансии, тој додаде дека Фондот за здравствено осигурување ќе им излезе пресрет.

Уште еден лек треба да ѝ биде на располагање на клиниката од утре.

– Останатите три лека ќе пристигнат на клиниката на почетокот од февруари. Се довршуваат административните процедури за оние лекови што недостасуваат, со цел да ја обезбедиме соодветната терапија за пациентите, подвлече Стојковски во изјава за МИА.

МИА претходно објави дека пациенти изјавија оти во моментов нема биолошка терапија на оваа клиника. Ги немало лековите „atezolizumab (tecentriq)“, „bevacizumab (avastin)“, „palbociclib“, „ribociclib“, „fulvestrant“ и „cetuximab“. Тие тогаш кажаа дека стравуваат за брзо време да не ги снема и „trastuzumab emtansine (kadcyla)“, „nivolumab“, „cobimetinib“ и „vemurafenib“.

Би можело да ве интересира

Дел од терапијата што недостасуваше на Онкологија пристигнала денеска, соопшти Таравари

Три лека од оние што недостасуваат се очекуваат денеска и утре на Онкологија

Катерина Ѓуровски

Јаревски: Нема веќе лекови на реверс од омилената веледрогерија на Филипче, мафијата на смртта нема да полни џебови од екстра профити

Стојковски: Пациентите што се третираат на универзитетската Клиниката за радиотерапија и онкологија, ја примаат потребната терапија

Филипче обвивни дека се криеле извештаи за Онкологија за да биде вовлечен во скандалот со лековите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Обвинителството да не молчи и да постапи во случајот со Онкологија