СДСМ: Јаневска да се вразуми и да ја повлече штетната Концепција за гимназиско образование

Од:

Предложената Концепција за гимназиско образование на министерката Јаневска е на директна штета на учениците, наставниот кадар и иднината на образовниот систем. Јавноста, учениците, професорите и стручната фела со право реагира и недвосмислено нагласуваат дека предложената Концепција за гимназиско образование е несоодветена и неприфатлива, велат од СДСМ.

– Иако се најавува како реформа во суштина е катастрофално лоша и ја загрозува суштината на еден воспитно-образовен процес. Концепцијата ги маргинализира основните општествено-хуманистички дисциплини како Филозофија, Социологија, Логика и Етика, кои се клучни за развојот на критичката мисла и интелектуалните способности на учениците. Наместо модернизација и унапредување на образованието, предложените реформи ја загрозуваат неговата суштина. Укинувањето или маргинализацијата на овие предмети значи дека ќе продуцираме генерации на ученици кои нема да знаат како да размислуваат критички и рационално. Дополнително, неприфатливо е да се сведува етиката на „пример од личното однесување на наставниците“. Ова укажува на крајно несериозен пристап кон научната мисла на етиката, логиката и другите дисциплини кои ги едуцираат младите да бидат одговорни и слободоумни личности. Ја повикуваме министерката Јаневска, веднаш да ја повлече предложената Концепција и итно да отворат јавна дебата. Да ги вклучат мислењата и анализите на стручната фела, професорите, учениците и експертите. Реформите да се темелат на детални и транспарентни анализи, а не на онлајн анкети. Образованието мора да ги подготвува младите за справување со комплексноста на современиот свет, да ги поттикнува да размислуваат критички и да бидат морално храбри личности. Само преку квалитетно образование ќе создадеме генерации кои ќе бидат столб на едно понапредно и праведно општество, се вели во соопштението од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ го одржува 32. Конгрес

СДСМ: Мицкоски рутинска работа ја претставува како дипломатска победа

Обвинителот Савески да го викне Панче Тошковски да ги достави доказите за „Мазут“, бара СДСМ

СДСМ: Додека Кошта ја кажува вистината за ЕУ, власта отвора предмет за Богоев

СДСМ бара нови избори во Карпош, Мицкоски вели боледувањето на Лукровски било лична работа

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Цветановски: Две години ветувања, нула резултати – граѓаните плаќаат за економскиот неуспех на Мицкоски