Порфириј: Насилството врз студентите е неприфатливо, барам одговорност

Од:

Српскиот патријарх Порфирије денеска изјави дека насилството врз студентите е неприфатливо и оти очекува виновниците за овие и за сите други криминални дела да бидат казнети во согласност со законот.

„Ужаснат сум кога дознав дека и трета студентка е тешко повредена, овојпат во веќе ранетиот Нови Сад. Очекувам одговорните за овие и за сите други криминални дела да бидат казнети согласно законот. Како и секогаш, потсетувам дека насилството никогаш на никого ништо добро не му донело“ вели патријархот.

Тој додаде дека „е последен момент секој од нас да направи колку што може за веднаш да престане омразата и конфликтите“.

Би можело да ве интересира

Српскиот патријарх Порфириј на Светосавската академија во Скопје

Косовската полиција на поглаварот на СПЦ не му дозволи влез во Косово

Горан Наумовски

Патријархот на СПЦ Порфириј устоличен во Пеќката патријаршија

А1он