Велес доби осум возила „шевролет спарк“

Од:

Секторот за внатрешни работи Велес денеска доби осум возила „шевролет спарк“, кои се целосно опремени со светлосна и звучна сигнализација и имаат вградено најсовремена полициска опрема, информира на денешната прес-конференција, Анита Стојковска портпаролот на СВР Велес.

Таа потенцира дека со обновата на возниот парк во СВР-Велес треба да се подобри и квалитетот, но и ефикасноста при секојдневното функционирање на полициското работење.

– Пет возила се отстапени на полициските станици во Велес, две возила се доделени на полициска станица во Кавадарци и едно возило на полициска станица во Неготино, со цел подобрување и зголемување на квалитетот и ефикасноста на полициското работење, потенцира Стојковска.

Би можело да ве интересира

Онлајн закажување термин за сликање за лични документи

МВР: Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

Битолчанец платил 22.500 евра за да му се вработи синот во МВР

(ВИДЕО) Шукова: Нов скандал во МВР, милионски тендер за возачки испити заврши кај советник на ВМРО-ДПМНЕ

Горан Наумовски

Приведени полицајци во врска со пожарот во „Пулс“ во Кочани

А1он

Обновување на форензички софтвер, нема набавка на „софтвер за шпионажа“, реагира МВР

Катерина Ѓуровски