Трамп ја повтори желбата Палестинците да се преселат во Египет и Јордан

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера ја повтори желбата Палестинците од Газа да бидат преместени на „побезбедни“ локации како Египет или Јордан и најави дека „многу наскоро“ ќе се сретне со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Вашингтон.

Според Економски тајмс, американскиот претседател ја изнесе идејата за „чистење“ на Газа по повеќе од 15 месеци војна меѓу Израел и Хамас, што ја претвори палестинската територија во „место на урнатини“.

Запрашан за тие коментари, Трамп им рече на новинарите дека би сакал да им дозволи на Палестинците „да живеат во област каде што можат да живеат без постојани немири, револуција и насилство“.

– Знаете, кога ќе го погледнете Појасот Газа, таму е пекол со години… секогаш имало насилство поврзано со таа област, ​​рече тој.

На прашањето како тоа ќе влијае на решението за две држави, тој рече дека наскоро ќе се сретне со Нетанјаху.

Трамп во последните денови разговараше со јорданскиот крал Абдула Втори и египетскиот претседател Абдел Фатах ал Сиси, кои историски беа против преселувањето на Палестинците.

„Би сакал да прифати некои“, рече Трамп за Ал Сиси и додаде „Многу им помогнавме, и сигурен сум дека би ни помогнале“.

„Како што велат, тоа е грубо соседство, но мислам дека тој би го направил тоа, а мислам дека тоа би го направил и кралот на Јордан“, додаде тој.

Речиси сите 2,4 милиони жители на Појасот Газа се раселени поради војната што беше предизвикана од нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година.

Во текот на оваа прва фаза ќе се преговара за условите на втората фаза со цел да се ослободат последните заложници и да се стави крај на војната. Последната фаза ќе вклучува реконструкција на Газа и враќање на телата на последните заложници кои загинаа во заробеништво.

Администрацијата на поранешниот претседател Џо Бајден подготви низа планови за периодот по војната во Газа, но Трамп досега не ги спомна.

Би можело да ве интересира

Трамп: Зошто контролната кула не му кажала на хеликоптерот што да прави

Катерина Ѓуровски

САД ќе подготват притвор за 30.000 мигранти во Гвантанамо

Најмалку тројца Палестинци загинаа во израелски напад на окупираниот Западен Брег

Повеќе од половина милион раселени Палестинци се враќаат во северниот дел на Газа по 15 месеци

Американските обвинители ја прекинаа кривичната постапка против двајца соработници на Трамп

Горан Наумовски

„Гугл“ ќе му угоди на Трамп, ќе го преименува Мексиканскиот Залив