Во сабота во ОУ „Ѓорѓија Пулевски“ во Општина Аеродром, од 18 до 20 часот, ќе се одржи Зумба мастер час, а средствата што ќе се соберат на настанот ќе бидат донирани за помош на Ацо Конга.
Минималната уплата за присуство на часот, како што соопшти Општина Аеродром, изнесува 200 денари, но оставена е можност за донација во вредност по сопствен избор.
За учесниците на часот ќе има список во кој, доколку сакаат, ќе можат да пишат име и презиме, висина на донација и коментар. Списокот ќе биде доставен до Ацо Конга.
Иницијативата на овој хуманитарен Зумба час е на фитнес клубот „Фит оне“, преку која изразуваат поддршка и желби Ацо Конга полесно и побрзо да се врати и да се придружи во ширењето на позитивната Зумба енергија.