Филипче обвивни дека се криеле извештаи за Онкологија за да биде вовлечен во скандалот со лековите

Од:

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во реакција на обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ за неговата инволвираност во проблемот со лековите на Клиниката за Онкологија презентираше извештаи за кои рече биле доставени до анкетната комисија за Клиниката за онкологија, формирана по барање на ВМРО ДПМНЕ на чие чело бепе пратеничката Рашела Мизрахи.

Филипче потенцираше дека овие извештаи биле редовно изработувани и биле дел од документите од министерството со што целосно као што тврди „ги разобличи лагите на Мизрахи и ДПМНЕ кои тврдеа дека не постојат“.

„Благодарение на искрените и чесни луѓе вработени во Министерството за здравство, кои што знаат што се сум направил за пациентите и за сите вработени генерално во здравствениот сектор, до мене ги пратија извештаите за коишто бев клеветен дека ги немало. Јас бев убеден дека такви извештаи има и сега сакав тоа да го покажам. Откако беа доставени до мене извештаите, јас ги доставив до Обвинителството“, рече Филипче.

При тоа Филипче ги повика Рашела Мизрахи и тогашниот министер за здравство Фатмир Меџити да одговорат како и зошто овие извештаи биле криени.

„Дали е точно дека на барање на истражните органи, кои водат постапка за овој случај, овие извештаи не им биле доставени. Ги прашувм директно дали намерно се криеле извештаите за да ме вовлечат и обвинат во скандалот? Има ли нешто позлобно од тоа да се прикрива вистината во еден грозоморен случај за политички поени и згора на се да се кријат докази од истражните органи. Ова е скандал без преседан“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче и порача дека очекува да биде покрената истрага за тоа како и зошто досега овие извештаи биле криени.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Да се извини Филипче и СДС што го лажеше народот дека „Бугари во Устав” се единствениот услов за напредок на државата

(ВИДЕО) Зеќири: Три месеци нема биолошката терапија за онколошките пациенти

СДСМ: Повторно нема лекови на Онкологија, неспособноста на власта ги загрозува животите

Левица: Фамилиите Заеви, Филипче, Мицкоски со заедничка среќна дестинација – бугарски фирми во Петрич

Филипче во Брисел побарал европските социјалдемократи да помогнат за проширувањето на ЕУ

(ВИДЕО) Филипче: СДСМ ќе ја врати државата на победничката патека, за доброто на Македонија, за доброто на сите граѓани

Горан Наумовски