Левица: ВМРО-ДПМНЕ да го спречи Касами во премиенувањето на тетовските улици и бришењето антифашисти

Од:

Апелираме до ДПМНЕ, како коалициски партнери на ВРЕДИ во Општина Тетово и на централно ниво, да преземат итни мерки и да го запрат процесот на преименување на над двесте тетовски улици, со кој се наметнува големоалбански шовинизам и се брише антифашистичката историја на македонската држава, велат од Левица.

– Оваа практика претставува системско уништување на заедничката антифашистичка борба, која е темел на македонската државност, и инсталирање врховистичко-балистички елементи како дел од поширок обид за ревизионизам на македонскиот идентитет. За жал, овој чин е продолжение на веќе започнатиот процес на именување и преименување на скопските улици со имиња на балисти.

Според неофицијални информации, меѓу имињата што се заменуваат се и имињата на истакнати македонски антифашисти како Страшо Пинџур, Благоја Тоскоски-Тоска и Радован Цониќ, кои сега се заменуваат со имиња на фашистички колаборатори. Потсетуваме дека ваквите тенденции се спротивни на Законот за определување на имиња на улици, плоштади, мостови и други инфраструктурни објекти, каде што јасно се наведува дека имињата не смеат да го нарушуваат угледот на Република Македонија, да навредуваат национални чувства на граѓаните или да го загрозуваат меѓуетничкиот соживот, јавниот морал и обичаите.

Историјата на македонскиот народ не е средство за политички пазарења! Ги повикуваме советниците од ДПМНЕ, како и вториот човек во Општина Тетово (исто така од ДПМНЕ), веднаш да заземат став и акција против овие политики. Дополнително, бараме Владата предводена од ДПМНЕ да се спротивстави на етничкиот инженеринг и иредентистичките политики на нивниот коалициски партнер ВРЕДИ.

Недозволиво е градоначалникот на Тетово, Биљал Касами, кој континуирано ја деградира Македонија, Македонците и земјата да ја прогласува за трета албанска држава, а да поминува НЕКАЗНЕТ. Потсетуваме дека истиот градоначалник најави огромна финансиска поддршка за импровизираната Албанска академија на науки и уметности, промовира двојазични банкноти, и со гордост вее симболи на голема Албанија, со што директно го поткопува суверенитетот и угледот на македонската држава, се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

Мециновиќ: Енергетската заедница ќе го оспори назначувањето на Ацо Ристов за претседател на РКЕ

А1он

(ВИДЕО) Исмаил: Одбиен предлогот на Левица да не се гине за туѓи војни

Левица: Стратешки дијалог или колонизација – свитата на Муцунски на тацна ги дава македонските ресурси на САД

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Левица: Под притисок од јавноста Орце Ѓорѓиевски се повлече од наплата на паркинг на аеродромци

А1он

Левица: Со контроверзниот Фејзиу ДПМНЕ капитулира пред ВРЕДИ и за чествување на историски ликови