Штрајкот со глад на членката на „Пуси рајот“ организиран однадвор, тврдат руските власти

Од:

Штрајкот со глад на Надежда Толокоњикова, затворената членка на руската панк група „Пуси рајот“, бил организиран однадвор, изјави денеска  членката на Советот за човекови за права на рускиот претседател, Јелена Масјук.

– Штрајкот со глад на Толокоњикова бил целосно испланиран, организиран и координиран однадвор, како и поддршката што таа ја добила преку Интернет и медиумите, изјави Масјук за ИТАР-ТАСС, откако таа и другите членови на Советот ја посетиле Толокоњикова во затворот.

Масјук предложила Толокоњикова да биде префрлена на друга, „помалку тешка работа“, и изјавила дека таа треба да биде подложена на лекарски преглед.

Толокоњикова, која неколку дена штрајкува со глад, на 27 септември ги обвини затворските чувари дека не и даваат вода.

Супругот на Толокоњикова во пораката упатена до агенцијата АФП, наведе  дека  затворски чувар и признал на неговата супруга дека му е наредено да и ја одзема сета вода за пиење, што потоа и го сторил.

Официјални претставници на затворот ги демантираа ваквите обвинувања, објаснувајќи дека на предлог на затворскиот лекар „ладната вода за пиење само и ја замениле со провриена“.

Толокоњикова (23) на 22 септември стапи во штрајк со глад поради, како што тврди, „лошите услови во затворот и заканите по живот кои и ги упатува затворскиот персонал“.

Таа тогаш во писмо што нејзиниот супруг и го достави до рускиот сајт „Лента.ру“, наведе дека стапува во штрајк со глад и „одбива да учествува во робовската затворска работилница се додека затворските шефови не почнат да го почитуваат законот и да се однесуваат кон осудените жени како кон човечки суштетства….“. Толокоњикова тврди дека осуденичките се присилени да работат во затворската работилница по 17 часови дневно, а дека им е дозволено ноќе да спијат само по четири часа.

Толокоњикова е една од трите членки на „Пуси рајот“, кои во август минатата година беа прогласени за виновни за „хулиганско однесување мотивирано од верска омрза“, поради изведбата на „панк молитва“ во московска црква  во знак на протест поради кандидатурата на Владимир Путин за претседател .

Би можело да ве интересира

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава ФОТО

Предраг Петровиќ

Американец кој се борел како платеник за Украина е осуден на 6 години затвор

Пратениците на Левица остварија средба во Собранието со рускиот амбасадор Баздникин

(ВИДЕО) Блиска средба: Ф-16 испратен да пресретне руски Су-35 на Алјаска

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски