Вардарци очекуваат тежок дуел со Татран Прешов

Од:

Ракометарите на Вардар утре во СРЦ „Кале“ го играат натпреварот од 4.коло од СЕХА лигата. Станува збор за квалитетн ривал, кој оваа година беше на чекор до пласман во Лигата на шампионите и на домашен терен загуби од Динамо Минск во решавачкиот натпревар од групата.

Во редовите на Вардар се внимателни во пресрет на овој натпревар особено што во меѓусебните натпревари имаат една минимална победа дома, едно реми и два пораза, од кој едниот лани во Скопје (29:33).

На денешната прес конференција тренерот на „црвено-црните“ Зоран Кастратовиќ ги потенцира квалитетите на словачкиот претставник.

– Татран Прешов е силен ривал. Тоа е тим со квалитети за Лигата на шампионите. Тоа е екипа која е кандидат за пласман на завршниот турнир. Имаат искусни играчи, врвни професионалци. Кај нас во овие денови кога малку трениравме потребна е мобилност, а ќе ни биде потребна и поддршка од трибините. Впрочем ова е и дерби на колото во СЕХА лигата, рече Кастратовиќ.

Вардар е втор на табелата, а Татран е трет и затоа и капитенот Филип Лазаров смета дека само со максимален ангажман на сите негови соиграчи може да се освојат бодовите.

– Оваа екипа е долго време заедно. За да стигнеме до победа потребно е да дадеме 100%, а на соиграчите ќе се обидам да им укажам на квалитетите на Татран.

Вардар на утрешниот натпревар ќе настапи без Игор Карачиќ, кој има воспаление на десното рамо и се се очекува неговото место да го заземе Илија Абутовиќ.

Гостите од Словачка според најавите од нивниот сајт ќе настапат без двајцата најдобри голмани Јакуб Крупа и Светислав Веркиќ.

Би можело да ве интересира

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ