Во атарот на селата Чифлик и Чешиново почна годинашната жетва на оризот. Првичните приноси се задоволителни, и од турските и од домашните сорти.
– На десет декари засеав и турски и домашни сорти ориз. И едните и другите дадоа доибри приноси во просек од 500 до 700 килограми по декар. Временските услови се поволни за жетва со комбајн за еден декар и се плаќа по 1.000 денари, истакнува Блаже Манев, земјоделец од село Чифлик.
Според Стојан Манасиев од село Чешиново, приносите зе задоволитечни, останува да се види по која цена ке се врши откупот на арпата и белиот ориз.
– Сметаме дека откупната цена за килограм арпа треба да биде 20 денари, а за белиот ориз 50 денари, вели Манасиев.
Во Кочанскиот производен регион годинава под ориз се насеани 4.500 хектари од кои се очекува род од 22 тона оризова арпа или 15 тони кавлитетен бел ориз.