Жесток разговор на Трамп и данската премиерка за Гренланд

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп не отстапил од својата решеност да го преземе Гренланд за време на жестокиот телефонски разговор со данската премиерка, изјавија високи европски претставници.

Американскиот претседател Доналд Трамп минатата недела разговараше со Мете Фредериксен, премиерката на Данска, 45 минути.

Белата куќа не го коментираше разговорот, но Фредериксен рече дека јасно ставила до знаење дека огромниот арктички остров – кој е автономен дел од Кралството Данска – не е на продажба, иако таа признала дека Соединетите држави покажуваат „одлично интерес“ за тоа.

Петмина сегашни и поранешни високи европски функционери запознаени со разговорот за Фајненшл Тајмс изјавиле дека разговорот поминал многу лошо.

Според нив, Трамп бил агресивен откако данската премиерка повторила дека островот не е на продажба и покрај нејзината понуда за проширување на соработката во областа на воените бази и експлоатација на минерали.

Беше страшно“, рекол еден од изворите.

Друг кажал:

„Беше многу решен. Тоа беше ладен туш. Пред тоа беше тешко да се сфати сериозно неговото барање, но сега мислам дека е сериозно и потенцијално многу опасно“.

Деталите од овој разговор веројатно дополнително ќе ја продлабочат загриженоста во Европа дека враќањето на Трамп на власт сериозно ќе ги расипе трансатлантските односи, бидејќи американскиот претседател го засилува притисокот врз сојузниците да се откажат од територијата.

Трамп го започна својот втор мандат со изразување интерес да ги преземе Гренланд, Панамскиот канал, па дури и Канада.

Многу европски претставници се надеваа дека неговите изјави за преземање на контролата врз Гренланд од „причини за национална безбедност“ се само преговарачки трик за зајакнување на американското влијание на територијата на НАТО.

Но, Русија и Кина исто така се натпреваруваат за позиции на Арктикот.

Меѓутоа, разговорот со Фредериксен ги уништи тие надежи и ја продлабочи надворешнополитичката криза меѓу НАТО сојузниците.

„Намерата беше многу јасна. Тие навистина тоа го сакаат. Данците сега се во криза“, изјави еден од изворите запознаени со повикот.

Друг додаде:

Данците се целосно преплашени од ова“.

Поранешен дански функционер рекол: „Разговорот беше многу тежок. Тој се закани со конкретни мерки против Данска, како што е воведување на тарифи“.

Кабинетот на данската премиерка соопшти дека „не го препознава толкувањето на разговорите објавени од анонимни извори“.

Гренланд, остров со само 57.000 жители, е стратешки важен затоа што претставува влез за нови бродски рути кои постепено се отвораат низ Арктикот, а исто така е богат со тешко достапни минерали.

„Претседателот Трамп јасно стави до знаење дека безбедноста и заштитата на Гренланд се од најголема важност за САД, додека Кина и Русија прават значителни вложувања во регионот на Арктикот“, изјави портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа.

„Претседателот е посветен не само да ги заштити американските интереси на Арктикот, туку и да работи со Гренланд за да обезбеди заеднички просперитет на двете нации.

На почетокот на јануари, Трамп се закани дека ќе воведе царини за Данска доколку таа се спротивстави на неговите планови за Гренланд.

Тој, исто така, не ја исклучи можноста за воена акција за заземање на островот.

„Луѓето навистина не знаат дали Данска воопшто има право на Гренланд, но ако имаат право, треба да го предадат затоа што ни е потребно за националната безбедност“, рече Трамп на прес-конференција неколку дена пред преземањето на функцијата.

„Зборувам за заштита на слободниот свет“, додаде тој.

„Кинеските бродови се насекаде. Руските бродови се насекаде. Ние нема да го дозволиме тоа.

Муте Егеде, премиерот на Гренланд, постојано нагласува дека островјаните сакаат независност, а не американско или данско државјанство.

Тој, сепак, го поздрави интересот на американските компании за рударството и туризмот.

Фредериксен минатата недела одржа состанок со лидерите на најголемите дански компании, вклучувајќи ги Ново Нордиск и Карлсберг, за да разговараат за заканите на Трамп, вклучително и можните царини против Данска.

На денот на нејзиниот разговор со Трамп, Фредериксен изјави за данската ТВ2: „Нема сомнеж дека постои голем интерес за Гренланд. Врз основа на денешниот разговор, нема причина да се верува дека овој интерес е помал од она што го слушнавме во јавните дискусии“.

Би можело да ве интересира

Лукашенко за Трамп: Тој е одличен шоумен, актер, не е за претседател

А1он

Нетанјаху: Благодарност до Трамп што го исполни ветувањето, сега можеме да се браниме

А1он

Трамп најави важен разговор во следните 24 часа

А1он

Следува големо протерување од Словачка на странски државјани кои ги организираат протестите

А1он

Закани кон Орбан: Ќе има последици ако не поддржиш санкции за Русија

А1он

ВИДЕО: Руски патнички авион излета од пистата

Предраг Петровиќ