Италијанскиот тенисер Јаничек Синер не е лут на Новак Ѓоковиќ откако овој му посака среќа на Александар Зверев во финалето на Австралија опен.
По поразот од Германецот во полуфиналето во Мелбурн, Србинот изрази желба Зверев да стигне до својата прва грен слем титула.
Оваа изјава стигна и до Анџело Бинаги, претседател на Италијанската тениска федерација, кој изрази незадоволство од коментарите на Ѓоковиќ и ги окарактеризира како „голем пад“ за српскиот тенисер.
Синер, кој се пласираше во финалето со победата над Бен Шелтон, не се согласи со изјавата на неговиот претседател и не виде ништо спорно во зборовите на Ѓоковиќ.
“Тој и Зверев се пријатели и се познаваат долго време. Нема злоба кон мене, се е во ред. Знам дека Зверев имаше други шанси да освои Грен слем турнир, се може да се случи во недела. Јас сум само размислувам да дадам се од себе“, рече Синер.
Финалето меѓу Синер и Зверев се игра в недела од 09.30 часот.