Хамас ослободи четири припаднички на израелската војска

Од:

Хамас ослободи четири припаднички на израелската војска кои беа заробени во Газа 15 месеци, што е второ ослободување заложници според договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас.

Жените војници најпрво беа предадени на Црвениот крст на палестинскиот плоштад во градот Газа, а израелската војска ги презеде четирите жени.

Карина Ариев, Даниела Гилбоа, Наама Леви – сите 20 години и Лири Албаг (19) се задржани во Газа од 7 октомври 2023 година. Четири од нив беа меѓу седумте припаднички на израелската армија киднапирани од воената база Нахал Оз.

За возврат се очекува да бидат ослободени околу 200 палестински затвореници. Канцеларијата на палестинските затвореници и Здружението на палестински затвореници објавија список од 200 палестински затвореници кои ќе бидат ослободени по враќањето на четирите израелски заложнички. На списокот има 121 затвореник кои отслужуваат доживотна казна и 79 други од различни групи, вклучувајќи ги Хамас, палестинскиот исламски џихад и Фатах.

Јеменските бунтовници Хути во саботата еднострано ослободија 153 воени заробеници, соопшти Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК). Тие во петокот вечерта сигнализираа дека планираат и ослободување на затвореници, како дел од нивните напори за намалување на тензиите по прекинот на огнот во војната меѓу Израел и Хамас во Појасот Газа.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Раселените Палестинци масовно се враќаат во домовите на северот на Газа

ВИДЕО: Израелските затворенички му се заблагодарија на Хамас за добриот третман

А1он

Преживеана од нападот на Хамас ќе го претставува Израел на Евровизија

А1он

ИДФ: Убиени се палестинските напаѓачи кои го извршија нападот во Ал-Фундук

Горан Наумовски

Ал Џезира: Израелски воени бродови го гранатираа брегот на градот Газа

Хамас најавува ослободување на следната група заложници во сабота

Горан Наумовски