Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба за декласификација на документите поврзани со атентатот на американскиот претседател Џон Ф. Кенеди, сенаторот Роберт Кенеди и лидерот за граѓански права Мартин Лутер Кинг Џуниор.
За време на кампањата, Трамп вети дека ќе објави сè уште доверливи документи за атентатите на Џон и Роберт Кенеди, како и на Мартин Лутер Кинг.
President @realDonaldTrump signs an Executive Order to declassify the JFK, RFK, and MLK Jr. files! pic.twitter.com/BHHdjMLrl0
— Margo Martin (@MargoMartin47) January 23, 2025
Последен пат дел од документацијата поврзана со атентатот на Кенеди беше објавен во 2022 година. Американските функционери тогаш објавија дека со овој чин на јавноста се достапни 97 отсто од приближно пет милиони страници документација поврзана со атентатот на 35-от американски претседател.
За време на неговиот прв мандат, Трамп објави дел од документацијата поврзана со атентатот на Џон Ф. Кенеди во 1963 година. повикувајќи се на загриженоста за националната безбедност, според Ројтерс.
Во 1992 година, Конгресот на САД одлучи дека целата документација за атентатот на Кенеди мора да биде објавена во рок од 25 години.
Трамп го даде пенкалото со кое ја потпиша наредбата на синот на Роберт Кенеди, новиот министер за здравство на САД.
Убиствата на браќата Кенеди во текот на 1960-тите поттикнаа бројни теории на заговор и алтернативни верувања кај американската и светската јавност во следните децении. Објавени се повеќе од 40.000 книги, списи, научни трудови, емисии и филмови за атентатот, животот и смртта на Џон Ф.