СДСМ: Нема пари за плати, нема лекови, а власта запнала авион за функционери да купува

Од:

„Во државата нема лекови, власта вели дека нема пари за плати за работниците, нема пари за поголема минимална плата а запнала авион за функционерите да купува со пари на граѓаните. Во горда Македонија на Мицкоски нема пари за работниците и нема лекови- има само за луксузните патувања на владините функционери“ соопштија од СДСМ.

Од партијата велат „баш му е гајле на Мицкоски за животниот стандард на народот, за тоа што нема лекови на Онкологија“.

„Ветувањата за скромност пред изборите ДПМНЕ ги замени со аздисаност и луксуз за функционерите. Мицкоски си игра мајтап со тие што го плаќаат, граѓаните. Ова ја покажува ароганцијата и потценувањето на граѓаните но и начинот на којшто ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски ќе се однесуваат, душмански со парите на граѓаните, за сопствени луксузирања“ – велат од СДСМ.

СДСМ е против и заедно со граѓаните ќе се спротивстави на овие расипнички и погрешни политики на ДПМНЕ, е партискиот став.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?