Левица: При инфлација и социјална несигурност владата зголемува буџет за војни на 3% од БДП

Од:

Додека просечната плата се намалува, а трошоците за живот бележат раст и додека народот е принуден да живее во сè потешки услови – Владата на ДПМНЕ-ВРЕДИ-ЗНАМ, наместо да го подобрат стандардот на граѓаните, го приоритизираат зголемувањето на воениот буџет, следејќи ги директивите на НАТО и западната воена индустрија. Министерот за одбрана од редовите на ДПМНЕ, Владо Мисајловски, најави вазалска послушност кон наметнатите барања за зголемување на буџетот за одбрана на 3% од бруто-домашниот производ. Тоа значи дополнително зголемување на трошоците за вооружување, кои веќе изнесуваат над 200 милиони евра годишно, поставени од Владата на СДС под „стратешките инструкции“ на НАТО. Со оваа нова одлука, буџетот за одбрана ќе надмине 300 милиони евра, а најголемиот дел од овие средства ќе завршат на сметките на воено-индустриските корпорации од САД и нивните сојузници, велат од Левица.

„Македонија е мала земја со ограничени ресурси и скромен економски потенцијал. Граѓаните очекуваат вложување во здравството, образованието и инфраструктурата – области кои директно влијаат на квалитетот на животот. Наместо тоа, Владата ги игнорира реалните потреби на народот, финансирајќи воени компании, додека економската криза го уништува секојдневието. Нестабилната социјална состојба, сиромаштијата и иселувањето на граѓаните, потврдено преку драстично намалениот број новоисишани првооделенци – се директен резултат на ваквите политики.

Партиите на власт, ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ, мора да се освестат и да сфатат дека нивниот мандат извира од граѓаните, а не од странски воени алијанси. Затоа, ги повикуваме да ги преиспитаат ваквите одлуки кои се на директна штета на македонскиот народ. Левица категорично се противи на оваа воено-профитерска политика. Нашите пратеници нема да поддржат одлуки кои ги трошат народните пари за финансирање на странски воени интереси. Во земја со руинирано здравство, недостиг на лекови, прескапа храна и зголемена сиромаштија, таквото трошење на средствата е неодговорно и недозволиво“, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: Кафе бар во сопственост на заменик-министерка од Вреди доби 9.000 евра од Општина Чаир

А1он

Движење ЗНАМ за Наша Македонија: Дезориентираната Левица продолжува со лаги и клевети

Владата не мрда со прст ниту за кочанската болница која е неопремена, реагираат од Левица

Левица: Дали ДПМНЕ го награди Максим со 243 милиони заради бизнис зделки?

Успешен третиот обид на Левица за надзорна расправа за Кочани

Мојсоска: Власта изгуби, сега мора да ги обелодени патните трошоци и кириите на пратениците