Новите кошаркарски правила усвоени од ФИБА кои од денеска стапуваат на важност ќе се применуваат и во новата сезона од регионалната АБА лига.
Измените се однесуваат на следново:
– При досудена техничка грешка наместо досегашните две ќе се изведува само по едно слободно фрлање.
– Времето за повторен напад при погоден обрач наместо 24 ќе се ресетира на 14 секунди.
– Во полукругот под кошевите нема да се досудуваат лични грешки, освен намерните (неспортските).
Што се однесува за местата кои обезбедуваат учество во елитната Евролига и за кои минатата сезона настанаа многу компликации, најавено е дека освојувачот на АБА и првопласираниот по лигашкиот дел ќе обезбедат пласман во најсилното клупско натпреварување во Европа.
Во случај тоа да е иста екипа, тогаш вториот тим што ќе игра во Евролига ќе биде освојувачот на второто место во лигашкиот дел. Третопласираниот тим ќе игра квалификации за Евролига, а четири екипи ќе обезбедат место во УЛЕБ купот.
Сезоната 2013/14 во АБА лигата ќе биде отворена в петок со натпреварот МЗТ Скопје Аеродром – Олимпија.