Клинтон објавува разузнавачки податоци за војната во БиХ

Од:

Поранешниот американски претседател Бил Клинтон денеска, во центарот на својата фондација во Њујорк, се очекува официјално да претстави околу 300 разузнавачки документи за Босна и Херцеговина, што американската Централна информативна агенција (ЦИА) ги собрала за време на војната во БиХ во периодот од 1992 до 1995 година.

Клинтон се очекува овие документи да ги претстави на јавноста во рамките на симпозиумот што ќе се одржи во неговата фондација на темата „БиХ, разузнавачки податоци и претседателството на Клинтон“.

На семинарот ќе се зборува за војната на Балканот и улогата на разузнавачките служби за информирање на високите политичари.

Ова е првпат поранешен американски претседател да учествува во објавување документи на ЦИА, што претходно носеа ознака за доверливост и беа достапни само на одредени личности.

Освен Клинтон, на семинарот ќе учествува поранешната државна секретарка на САД Медлин Олбрајт, поранешниот командант на НАТО за Европа Весли Кларк, советникот на Клинтон за национална безбедност Сенди Бергер, поранешниот извршен директор на ЦИА за разузнавачки податоци Џон Ганон и други.

Би можело да ве интересира

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот