Американскиот тенисер Бен Шелтон критикуваше дел од прашањата и коментарите на претставниците на официјалната телевизија на Австралија Опен.
„Една работа сакам да кажам пред да завршиме: Бев малку шокиран оваа недела од начинот на кој играчите беа третирани од страна на радиодифузерите“, рече Шелтон на прес-конференција, по неговото истрчување во полуфиналето на Австралија Опен.
Шелтон, кој се наоѓа на 20-то место во светот, го победи 35-рангираниот Италијанец Лоренцо Сонего со 3-1 во сетови.
Во своето второ полуфинале на Грен слем, тој се среќава со светскиот рекет број еден Јаник Синер, кој ја брани титулата во Мелбурн.
Во второто полуфинале ќе настапат Новак Ѓоковиќ (седми на АТП листата) и второпласираниот светски тенисер, Германецот Александар Зверев.
22-годишниот американски тенисер го спомна и Ѓоковиќ, осврнувајќи се на реакцијата на српскиот играч, кој одби да застане пред камерите по осминафиналето поради навреди кон него и српските навивачи од страна на новинарите на Канал 9.
Ѓоковиќ на крајот попушти откако доби јавно извинување од телевизијата и новинарот Тони Џонс.
„Мислам дека тоа не беше само еден настан“, додаде Шелтон.
Interesting end to Ben Shelton’s press conference.
Unprompted, he took a moment to tear into the quality of local broadcasting and specifically on-court interviewing at #AusOpen. pic.twitter.com/ig76VrKq2C
— Ben Rothenberg (@BenRothenberg) January 22, 2025
Шелтон зборуваше и за интервјуто на младиот американски играч Лернер Тиен, по неговата изненадувачка победа над светскиот рекет број пет Даниил Медведев во второто коло, што го нарекоа „срамно“.
Непријатниот разговор вклучуваше серија коментари насочени кон Тиен, наместо прашања, вклучително и набљудување на интервјуерот дека 19-годишниците не треба да бидат толку добри, со забелешка „Инаку, знам каде живееш“.
Шелтон спомна и две негови теренски интервјуа. По неговата победа против 38-годишниот француски играч Гаел Монфис во четвртото коло, новинарот Роџер Рашид, поранешен тениски тренер, се обиде да се пошегува велејќи: „Тој е речиси ваш татко“.
И Шелтон и Монфис се со темна кожа, па американскиот тенисер му одговори на Рашид „Дали тоа беше расистичка шега Рашид одговори: „Не сум сигурен“.
По победата над Сонега, тој беше прашан за неговиот следен ривал (во тој момент не се знаеше дали е Синер или Де Минор), при што новинарот истакна дека публиката во секој случај ќе навива против Шелтон.
„Знам дека имам неколку луѓе во публиката кои ќе навиваат за мене“, одговори Шелтон.
На својата прес-конференција Шелтон рече дека коментарот за поддршката на фановите можеби е вистинит, но дека мисли дека му било покажано непочитување од човек што никогаш не го сретнал во животот.
„Мислам дека радиодифузерите треба да ни помогнат да го развиваме нашиот спорт и да им помагаат на спортистите кои штотуку победија на најголемата сцена да уживаат во еден од нивните најголеми моменти. Мислам дека имаше многу негативност. Мислам дека тоа е нешто што треба да се промени. “, истакна Американецот.