Вклучен е алармот: Кичево денеска е најзагаден град во Македонија

Од:

Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека според податоците од Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиенталниот воздух и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи, прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри (надминување на вредноста од 150 mg /m3 во текот на два последователни денови) е надминат на мерното место Кичево.

„Прагот на алармирање е дефиниран во Уредбата за изменување и дополнување на Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиенталниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели (Службен весник на Република Македонија бр. 183 од 14.12.2017 година).

Согласно настанатата состојба во Кичево, важат следните мерки:

Да се интензивираат вонредните инспекциски надзори на инсталациите со А-Интегрирана еколошка дозвола.
Да се интензивираат вонредните инспекциски надзори на терен за контрола на инсталациите со Б-Интегрирани еколошки дозволи и Елаборати.
Инсталациите со континуиран мониторинг да овозможат јавен пристап на измерените податоци.
Да се интензивираат вонредните контроли на техничката исправност на возилата, особено оние со дизел горива и нерегистрирани возила.
Да се интензивираат вонредните контроли на градилиштата.

– Се препорачува на сите правни субјекти (работодавци) да ги ослободат од работни обврски бремените жени, лицата постари од 60 години, како и лицата со хронична астма, прележан миокарден инфаркт или мозочен удар, без разлика на возраста, со препорака на матичен лекар.

– Се препорачува на сите правни субјекти (работодавци) да го реорганизираат работното време и лицата кои работат на отворено да работат од 11 до 17 часот.

– Се препорачува да не се организираат спортски натпревари и други културни манифестации на отворено.

Би можело да ве интересира

Загаден е воздухот во Струмица, власта предлага вонредни мерки

Горан Наумовски

„Од смогот не се гледа иднината“ – Протест за чист воздух

Скопје утрово е најзагаден град во Европа

Скопје повторно меѓу петте најзагадени градови во светот

20 претставки за загадениот воздух стигнале кај Народниот правобранител

Загадувањето на воздухот во училиштата и градинките речиси за двапати ги надминува препораките од СЗО

Катерина Ѓуровски