Министерот за надворешни работи на Иран, Мохамед Џавад Зариф го обвини израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека шири лажни информации за иранската нуклеарна програма.
-Од него до сега видовме само лаги и настојување да се измами и заплаши меѓународната јавност-изјави Зариф.
Шефот на иранската дипломатија наведе дека израелскиот ционистички режим веќе 22 години лаже, тврдејќи дека Иран во наредните шест месеци ќе поседува атомска бомба.
Израел го обвинува Иран и се обидува да направи атомско оружје и ги отфрла наводите на Техеран дека ирански нуклеарен програм има мирновременски цели.
Елена Георгиевска