Бројот на загинати во шумските пожари во Лос Анџелес се искачи на 28, соопштија денеска официјални лица. Најмалку 17 лица загинаа во пожарот во округот Итон, кој изгоре повеќе од 14.000 хектари во населбата Алтадена, додека 11 лица загинаа во пожарот во округот Палисадес, јавува ABC News.
Според достапните информации, пожарот во Пацифик Палисадес започна на 7 јануари, каде што уништи или оштети повеќе од 6.000 објекти.
Пожарот изгоре повеќе од 23.700 хектари, а моментално е 59 отсто под контрола.
Пожарот во округот Итон, исто така, започна на 7-ми јануари северно од Пасадена, уништувајќи или оштетувајќи повеќе од 10.000 објекти.
Зафати повеќе од 14.000 хектари и моментално е под контрола 87 отсто.