Италијански студенти од левичарски организации денеска закачија кукла со ликот на американскиот милијардер Илон Маск на плоштадот Лорето во Милано, на местото каде во 1945 година слично беше изложено безживотното тело на убиениот фашистички лидер Бенито Мусолини, објавија денеска италијанските медиуми.
Кукла со лицето на Маск беше обесена наопаку на плоштадот во Милано, а студентите од левичарската организација „Промена на курсот“ по повод напишаа „Секогаш има место за Илон на плоштадот Лорето…“.
Студентите вака реагираа на поздравот што Маск го упати за време на вчерашната инаугурација на американскиот претседател Доналд Трамп, за кој тврдат дека бил фашистички, пренесе Анса.