Собранието ги донесе измените на Законот за заштита на децата

Од:

Собранието во попладневниот дел од 31-та седница го донесе Законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на децата во трето читање, откако претходно беше изгласан последниот од шесте поднесени амандмани, од пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ.

Без дискусија заврши општата расправа по Предлог законот за изменување на Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство и Предлог-законот за изменување на Законот за еднакви можности на жените и мажите, двата во прво читање, со заклучок дека се прифатливи да се проследат во второ читање и во Комисијата за еднакви можности и Законодавно-правната комисија.

Собранието попладнево ги усвои Финансискиот план на Агенцијата за супервизија на осигурување за 2025 година, Предлог одлуката за давање согласност на Предлогот на Годишната програма за работа и развој на Агенцијата за цивилно воздухопловство за 2025 година, во второ читање, Предлог-одлуката за давање согласност на Предлогот на Годишниот финансиски план на Агенцијата за цивилно воздухопловство за 2025 година, во второто читање и за нивното гласање пратениците ќе бидат дополнително известени.

Дополнително ќе се гласа и за Финансискиот план за изменување на Финансискиот план на Јавното радиодифузно претпријатие Македонска радио-телевизија за 2024 година со дополнување и пренамена на средства, како и за Финансискиот план за изменување на Финансискиот план на Јавното радиодифузно претпријатие Македонска радио-телевизија за 2025 година со дополнување и пренамена на средства.

Во однос на Финансискиот план за МРТ за 2024 реагираше пратеникот Митко Трајчулевски од СДСМ укажувајќи дека се работи за веќе измината буџетска година и се прекршува закон.

-Вака донесената одлука за давање согласност за веќе измината година е прекршување на законот. Самата одлука би била спорна и доколку биде оспорена, може да предизвика дополнителни негативни последици, рече Трајчулевски.

Потпретседателката на Собранието Весна Бендевска ја прекина 31-та седница и продолжението го закажа за утре во 13 часот.

Би можело да ве интересира

СДСМ ја напушти седницата за интерпелациите на неколку министри

Катерина Ѓуровски

Пратениците ќе расправаат за интерпелациите за Меџити, Стоилковиќ, Тошковски, Исени и Даути

Пратениците во петок се враќаат на работа, на првата седница закажани се пет интерпелации

А1он

Собранието го донесе Законот за учебници

А1он

Предлог на законот за средно образование по барање на Владата е повлечен од собраниска процедура

Горан Наумовски

Изгласан Законот за извршување на Буџетот за 2025

Катерина Ѓуровски