Во пожарот што го зафати хотелот во турскиот ски-центар Бол, загинаа 66 лица, а најмалку 51 беа повредени, соопштија властите.
Пожарот избувна во 12-катниот хотел „Гранд Картал“ во 3:27 часот по локално време, во време кога хотелот беше полн со гости, вкупно 234, поради празничниот метеж.
A devastating fire struck the Grand Kartal Hotel in #kartalkaya Ski Center, Turkey, on Jan 20
The blaze left at least 10 dead & 32 injured, with 234 guests present
2 victims tragically died after jumping from the building in panic#turkeyfire kartalkaya kayak merkezi pic.twitter.com/pnm5N8Znbk
— GlobeUpdate (@Globupdate) January 21, 2025
Претходниот број на загинати од 10 беше значително зголемен неколку часа по пожарот, соопшти турското Министерство за внатрешни работи. Според турските медиуми, најмалку две лица загинале откако скокнале од прозорец на хотел.
#BREAKING At least 234 guests at Grand Kartal Hotel in Kartalkaya in Bolu, Turkey where fire broke out, governor says. At least 10 dead, 32 injured. #Bolu #Kartalkaya #Turkiye #Fire pic.twitter.com/DIZWM1u8EB
— 𝐉𝐨𝐮𝐫𝐧𝐚𝐥𝐢𝐬𝐭 (@HamdiCelikbas) January 21, 2025
Иако пожарот го зафати само хотелот Гранд Картал, превентивно е евакуиран и соседниот хотел, потврди гувернерот за турските медиуми. Ски инструкторот Неџми Кепчетутан изјави за турската телевизија како успеал да побегне благодарение на доброто познавање на хотелот, додека гостите кои не биле толку добро упатени имале помалку среќа.
„Луѓето извикуваа од прозорците: „Спасете нè!“, бидејќи внатре имаше многу чад. Успевме да спасиме 20/25, вели тој.
Причината за пожарот се уште не е позната. Министерот за правда Јилмаз Тунч потврди дека обвинителите се задолжени за спроведување на истрагата за овој трагичен настан.