(ВИДЕО) Жерновски: Цинично е оваа власт да говори за пари за реклами

Од:

Цинично е оваа власт да говори за пари потрошени за реклами. Ова е одговорот на градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски на новинарско прашање за написите во некои медиуми за наводно скандалозно трошење пари за реклами.

Постапката, рече Жерновски, е законски спроведена. Одбрана е агенција која според медија планот која го изготвува се договара за рекламирање.

„Оваа влада, според информациите од меѓународните асоцијации за слобода на медиуми потрошила 1,5 % од буџетот или 39 милиони евра за една година рекламирање“, изјави Жерновски.

Ги повика надлежните да дојдат во општината и да извршат контрола што, рече тоа и го прават.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар