Почина 17 годишното момче кое доживеа струен удар на вагон цистерна

Од:

-За жал и покрај максималните напори на медицинските тимови, животот го загуби 17-годишниот пациент со изгореници и тешки телесни повреди, велат од КАРИЛ.

Пациентот бил третиран мултидисциплинарно од специјалисти од пластична и торакална хирургија во единицата за интензивно лекување, земајќи ги предвид резултатите од сите испитувања, параметрите и неговата исклучително тешка здравствена состојба.

На пруга во општина Кисела Вода, момчето било качено на цистерна-вагон кога доживеало струен удар.

Од Министерството за внатрешни работи за случајот појаснија дека цистерната се запалила, а момчето со возило на Итна помош, било пренесено во Ургентниот центар.

Би можело да ве интересира

Критична e состојбата на момчето од Волково по струјниот удар

17 годишно момче доживеа струен удар, се качил на цистерна вагон

Деветнаесетгодишно момче починало од струен удар

28-годишно момче почина од струен удар

Несреќа на роденденска забава во Скопје: Малолетничка си ја изгорела десната рака

Горан Наумовски

Мигрант пронајден мртов на железничка станица Илинден – починал од струен удар

А1он