Критична e состојбата на момчето од Волково по струјниот удар

Од:

Критична е состојбата на момчето од Волково, кое вчера качено на цистерна-вагон доживеало струен удар, изјавија од Ургентниот центар.

– Пациентот примен преку Ургентниот центар вчера со изгореници е во критична состојба и хоспитализиран на интензивна нега. Медицинските тимови ја пружаат потребната здравствена заштита, согласно медицинските протоколи и прават максимални напори за спасување на неговиот живот, појаснија од Ургентниот центар.

На пруга во општина Кисела Вода, момчето било качено на цистерна-вагон кога доживеало струен удар. Од Министерството за внатрешни работи појаснија дека цистерната се запалила, а момчето со возило на Итна помош, било пренесено во Ургентниот центар.

Според информацијата на МВР, момчето е на возраст од 17 години, а настанот се случил во 14.55 часот.

Би можело да ве интересира

Од струен удар почина 38-годишен маж

Градежен работник загина од струен удар додека работеше на фасада од куќа

А1он

Затвореник од „Идризово“ загина од струен удар

Горан Наумовски

Од струен удар почина 37-годишен маж

Горан Наумовски

Жена во бесознание завршила во болница, настрадала од струен удар

Почина 17 годишното момче кое доживеа струен удар на вагон цистерна