ВИДЕО: Ѓоковиќ го среди Лехечка за четвртфинале во Мелбурн и пресметка со Алкарас

Од:

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ обезбеди пласман во четвртфиналето на Австралија опен откако во три сета го совлада Чехот Јиржи Лехечка со 6-3, 6-4, 7-6. Ривалот најсилен отпор даде во третиот сет, но Ѓоковиќ го доби тај-брејкот со 7-4 на поени. Тоа ќе биде негов 15-ти настап во четвртфинале на Австралија опен, а ќе се сретне со Шпанецот Карлос Алкарас.

Ѓоковиќ во првиот сет го одзеде сервисот на Лехечка во осмиот гем и го комплетираше со 6-3, а во вториот веднаш се стекна со предност и не ја испушти до крајот, за 6-4.

Во третиот сет и двајцата тенисери по еднаш го загубија својот сервис, па сетот отиде во тај-брејк, а таму сепак поумешен беше Новак Ѓоковиќ.

Во следната рунда во Мелбурн, Ѓоковиќ ќе игра против Карлос Алкарас, кој при водство од 2-0 во сетови (7-5, 6-1) се пласираше понатаму, откако Џејк Дрејпер предаде поради повреда.

По завршувањето на мечот, Ѓоковиќ го избегна стандардното давање интервју на теренот. Очигледно нервозен, веројатно поради однесувањето на дел од публиката, само кратко се поздрави без да одговори на прашањата на Џим Куриер.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Новак пцуеше по победата на АО – поради провокатор не можеше да го сокрие бесот

А1он

Шокантна изјава на Ѓоковиќ: Ме труеа во Австралија

Ѓоковиќ се откажа од Париз, веројатно нема да игра и на завршниот турнир

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ