Кривична пријава и притвор за скопјани за злоупотреба на безвизниот режим

Од:

Одделението за илегална миграција и превенција при Регионалниот центар-Север поднесе кривична пријава против И.Н. (49), Х.С. (35) и И.Е. (40), сите од Скопје, за сторено кривично дело „злоупотреба на безвизен режим со државите членки на Европската унија и на шенгенскиот договор“, а И.Н. дополнително е пријавен и за „недозволено преминување на државната граница“.

МВР денеска соопшти дека на 26.09. на граничниот премин Табановце од страна на српските власти се депортирани 31 лице македонски државјани кои илегално оствариле излез од Македонија во Србија. По преземени мерки е утврдено дека претходниот ден депортираните лица, со две комби-возила заедно со И.Н. за износ од 250 евра по лице, биле превезени до село Лојане од каде И.Н со помош на три непознати лица на илегален начин ја префлиле групата во Србија, додека Х.С. и И.Е. требало да ги пренесат патните торби на депортираните во Прешево.

При извршен преглед на теренот во близина на границата се пронајдени Х.С. и И.Е. во возило со патните торби. Истражен судија на пријавените им одреди мерка притвор во траење од по 30 дена.

Би можело да ве интересира

За пет часа полицијата уапси 13 моторџии – одземени се пет мотоцикли

А1он

МВР предупредува за нов бран измамнички СМС пораки од „Безбеден град“

А1он

МВР го најде во Скопје Цуната кој и избега на полицијата во Кочани преку прозорец

Катерина Ѓуровски

Распишана е меѓународна потерница по кочанчанецот кој побегна од полициска станица

А1он

Син уби татко во Скопје

А1он

ВИДЕО: Поголема количина дрога пронајдена во напуштени подрумски простории во Аеродром

Катерина Ѓуровски