Филипче од Прилеп: ДПМНЕ го понижи трудот на работниците

Од:

Мицкоски и ДПМНЕ го понижија трудот на македонските работници и го срозија стандардот на граѓаните. Не може во новиот најголем Буџет за годинава од 6 милијарди евра да нема пари за раст на платите за работниците, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче кој заедно со потпретседателот на СДСМ Менде Илиевски, вечерва присуствуваа на конференцијата за избор на претседател и членови на Извршен и Надзорен одбор на Општинската организација на СДСМ во Прилеп.

Филипче во обраќањето пред присутните членови, посочи дека ДПМНЕ наместо да го продолжи системот за континуиран раст на платите, што го воведе Владата на СДСМ, неодговорно го прекина.

– Власта комплетно го напушти системот за зголемување на платите, воспоставен од СДСМ, а резултатот е влошување на животниот стандард на работниците. Тоа сега граѓаните јасно можат да го видат. СДСМ била и секогаш ќе остане на страна на работниците. Во изминатите седум години како Влада се соочивме со најголемите светски кризи, незапаметена здравствена пандемија и економско енергетска криза. Но, и во такви тешки кризи, Владата на СДСМ никогаш не заборави на работниците, платите и во ек на кризи се зголемуваа. Континуирано работевме на подобрување на животниот стандард на граѓаните, особено на работниците. За прв пат Владата на СДСМ ја зголеми минималната плата во државата за 100 проценти во однос на 2016 година, односно на сегашните 22.567 денари, додека просечната месечна нето-плата од 22.460 денари, се зголеми на 42.000 денари, рече Филипче.

Срамно е да има најголем Буџет кој тежи 6 милијарди евра а да нема пари за раст на платите, додаде Филипче.

– Упорно водат инает и не го прифаќаат предлогот на СДСМ за раст на минималната плата, која со ова темпо на раст на трошоците треба веќе да изнесува 500 евра. Уште кога беше во фаза на предлог Буџетот за 2025 година, СДСМ предупреди дека ова ќе биде најгломазниот и расипнички буџет во историјата во кој ќе нема пари за работниците и поголеми плати за граѓаните, и тоа се испостави како точно. И од овие 6 милијарди евра, власта не сака да одвои пари за покачување на платите на работниците во јавниот сектор. Ова е тотално непочитување на трудот на работниците“, нагласи Филипче.

Би можело да ве интересира

Димитриевски: СДСМ е друштво во стечај, координирано од Струмица, а ликвидаторот е Венко Филипче

Буџетот е празен – нема да има пари за пензии, загрозен е и вториот столб

СДСМ: Мицкоски прави ЗНАМ 2.0 – Театар со караван додека се делат тендери

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче ќе ја распродава Македонија на рати оти мисли дека така ќе си купи премиерска фотелја

ВИДЕО: Кога граѓаните ќе ве видат зад решетки, тогаш ќе веруваат дека правдата дошла, пресметка Мицкоски-Филипче на пратенички прашања

Катерина Ѓуровски

Филипче: Загрозен Вториот пензиски столб – нема пари во буџетот па ќе се трошат заштедите?