Јавни лица и пратеници на руска Дума, почитувачи на делата на Владимир Путин, имајќи ги во предвид напорите што рускиот претседател ги вложи за да ја сопре војната во Сирија, започнаа иницијатива да го именуваат за кандидат за Нобеловата награда за мир, пренесе српски „Курир“.
Според зборовите на пратеникот, Јосиф Кобзон, Путин е повеќе од достоен за таа награда, отколку поранешниот добитник американскиот претседател Барак Обама, кој што ги поддржа агресивните акции на САД.
Координаторот на Меѓународното движење за заштита на правата на народите, Беслан Кобахија оцени дека рускиот претседател без сомнеж е личност на 2013 година, како и дека не верува дека тој ќе го коментира овој предлог, поради неговата скромност.
Комитетот за доделување на престижната награда не сакаше да ги коментира наводите истакнувајќи дека имињата на кандидатите се држат во тајност.
Портпаролот на Путин рече доколку рускиот претседател треба да добие признание за придонес на мирно решение на сириската криза, тогаш треба да се чекаат конкретните резултати.
Елена Георгиевска