Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рано утринава потврди дека преговарачките тимови на Израел и Хамас во Доха потпишале договор за прекин на огнот и ослободување на заложниците.
Според соопштението од кабинетот на Нетанјаху, премиерот за денеска закажал состанок на Советот за безбедност на кој ќе се гласа за договорот, по што е предвидено да се состане владата, пишува Тајмс оф Израел.
Сепак, состанокот на владата нема да се одржи до сабота навечер, рече портпаролот на Нетанјаху, објаснувајќи дека на противниците на договорот мора да им се дадат 24 часа да поднесат жалба до Врховниот суд, од кои многумина ја почитуваат саботата.