Деановски: Продолжува протестот, 988 вработени немаат земено декемвриска плата

Од:

Вработените во дел од државните институции денеска продолжија со предупредувачкиот получасовен протест барајќи додатоци на плата од 30 отсто и потпишување на колективни договори.

Претседателот на Синдикатот на УПОЗ Трпе Деановски пред Државниот завод за статистика изјави дека 988 вработени се уште немаат земено плата за декември иако е истечен законскиот рок.

– Се работи за вработените во сите инспекторати во државата. Поради доцнење на Министерството за финансии кои навремено не ги презеде обврските согласно законските измени остави 988 вработени без плата, без вратени кредити, без платени сметки во најдолгиот месец од годината. Вчера истече и законскиот рок за исплата на плата која се исплаќа најдоцна до 15-от ден во месецот и се уште нема информација кога и дали овие вработени ќе добијат плата, рече Деаноски.

Појасни дека не се работи за штрајк на вработените во јавната администрација, туку за протест.

– Штрајк значи неизвршување на работни задачи, а доколку вработените од Државниот завод за статистика не извршат само една работна задача од нивниот делокруг, а тоа е пресметка и објава на просечната месечна плата на ниво на држава, ќе се доведе во прашање работата на многу институции, а последиците ќе ги трпат граѓаните, рече Деаноски.

Додека се одржуваше овој протест, пред Владата претставници на Независниот синдикат на државната управа одржаа прес-конференција.

Би можело да ве интересира

Деаноски: Ако не се постигне договор, не се исклучуваат штрајкови и тужби

Протестите се малициозни и политички мотивирани, нова реакција од Владата на протестите на УПОЗ

Платите на 70 отсто од вработените во Министерство за култура се под просечната, велат од Синдикатот плата во РСМ

УПОЗ и одговори на Владата: Сте не измешале со некој друг синдикат

Катерина Ѓуровски

Синдикатот на вработените во Министерството за европски прашања демантира дека е дел од протестот на УПОЗ

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: За Владата протестите на УПОЗ се незаконски и политички мотивирани

Катерина Ѓуровски