Одлична партија одигра Македонија против Унгарија на стартот на Светското првенство. Средбата заврши нерешено 27-27, а Македонија е таа што загуби бод на овој меч. Унгарците се радуваа на освоениот.
Македонија одигра одлично прво полувреме, од секој аспект над очекувањата и ја стави во подредена улога фаворизираната унгарска репрезентација.
Почетокот на мечот им припадна на противниците, поточно на десниот бек Зоран Илиќ за кого се бореа големи клубови, а на крајот го доби Висла Плоцк. Тој постигна четири од првите пет гола за Унгарија, а тие поведоа со 5-2.
Но, не ја загуби Македонија „главата“, стигна поддршка од голманот Никола Митревски, а во нападот се разигра Филип Кузмановски, па следеше голема серија за нашиот тим. Највисокото водство што го имавме изнесуваше 10-6.
Но, не ја загуби главата ниту репрезентацијата на Унгарија. Во игра ги одржа голманот Криштоф Паласиц кој влезе на местото на Миклер. Веднаш одбрани еден чист шут и еден седмерец и Унгарија се врати во игра.
Водството, како и да е беше за Македонија која наоѓаше начини да ја пробие нивната зона и водевме со 2-3 гола се до финишот на полувремето.
На крајот успеаја да израмнат Унгарците на 14-14, а голот што го постигна Серафимов за водство беше поништен откако судиите прегледаа снимка и оценија дека е постигнат по истекот на времето.
На полувреме, конечни 14-14 и сцената беше поставена за големата битка во вториот дел.
Жестоко беше се до самиот крај, Македонија водеше, имаше 27-26 на 30 секунди до крајот и напад, но не го искористивме и од контра напад Унгарија израмни, а потоа и се одбрани за конечно реми.