АА: Гаши да го укине заклучокот по интерпелацијата за Даути

Од:

Крилото на Зијадин Села на Алијанса за Албанците попладнево преку соопштение нагласија дека претседателот на Собранието Африм Гаши треба да го укине заклучокот по интерпелацијата за пратеничката и претседателка на собраниската Комисија за социјална политика, демографија и млади Илире Даути.

-Африм Гаши и оние кои влегле во оваа игра го знаат нашиот услов, кој го соопшти и самата пратеничка Илире Даути. Тие мора прво да го укинат неправедниот заклучок и со истите гласови да ја реизберат г-ѓа Даути за претседател, за да може да дејствува слободно, без цензура и без диктат, како што и секој човек заслужува да има загарантирани услови при вршењето на својата работа, се наведува во соопштението на АА.

Посочуваат дека Алијансата за Албанците и Европски фронт стојат зад изјавата на Даути.

-Цениме дека таа ја вршела својата работа одговорно и согласно Деловникот и затоа бараме да се укине заклучокот инициран од Левица, а предложен од Гаши, велат од АА.

Интерпелацијата за претседателката на собраниската Комисија за социјална политика, демографија и млади, поднесена од пратеничката група на Левица, беше изгласана во петокот со 61 глас „за“ обезбеди преку пратениците на Левица, ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ. Албанскиот блок беше против интерпелацијата, додека пак, пратениците на СДСМ, иако нивен е законот за бранители, излегоа од салата. Потоа, Кабинетот на претседателот на Собранието излезе со соопштение во кое наведе дека интерпелацијата нема правно-обврзувачки последици.

Би можело да ве интересира

Села бара од Уставниот суд оценка на уставноста на измените за „Безбеден град“

Горан Наумовски

Нема место за Села во Владата

Катерина Ѓуровски

Влен: Зијадин Села е жеден за внимание

Власта ќе биде на една страна, јас на друга – Села му одговори на Меџити

Села: Европски фронт нема да го поддржи законот за правична застапеност

Катерина Ѓуровски

Села: Најавите дека пратеници од Европски фронт ќе прејдат во владејачкото мнозинство се лага и специјална активност на службите