Германскиот тенисер Александар Зверев се пласираше во третото коло на Австралија опен, откако денеска во Мелбурн во второто коло го совлада Шпанецот Педро Мартинез со 6:1, 6:4, 6:1.
Натпреварот траеше еден час и 54 минути. Зверев е второрангиран тенисер во светот, додека Шпанецот е на 44. место на АТП листата.
Германскиот тенисер во третото коло ќе игра против Британецот Џејкоб Феарнли кој со 3:6, 7:5, 6:2, 6:3 го совлада Французинот Артур Казауи.