Заладувањето на многумина им донесе настинка проследена со затнат нос, болки во грлото, кивање, кашлање, зарипнатост… Причината за тоа е што не сме соодветно облечени, а утрата и ноќите се исклучително студени за овој период од годината.
Немојте веднаш да почнете да пиете лекови, туку пробајте настинката да ја излечите на природни начини кои брзо ќе ви го подобрат имунитетот и ќе ви ги прочистат дишните канали.
Топлата домашна говедска чорва или пилешка супа докажано помагаат кај настинката, а додека уживате во нивниот вкус не сте свесни дека ги инхалирате и носните канали. Многу е важно да користите свеж зеленчук, како морков, целер, компир, кромид, лук. Нутриционистите предлагаат да додадате и зелка, свежа пиперка и корен од ѓумбир.
Грлото исплакнете го неколку пати дневно со раствор од сода бикарбона или чај од жалфија за да спречите развој на бактерии.
Одењето во сауна исто така е ефикасно решение кај настинката која не е предизвикана од вирус. Кога добро ќе се препотите, ќе исчезне и настинката. Доколку не сте љубител на сауната, навечер пред спиење потопете ги стапалата во топла купка и долевајте топла вода додека да можете да издржите. Потоа заминете на спиење и добро затоплете се.