Вечерва по 23 часот, со спекталуларен перформанс на танчери од Индија и Македонија ќе се отвори Балканскиот мировен фестивал.
Сепак, како што најави организаторот, поради лошите временски услови, најавената штафета на мирот која требаше да ја носат јавни македонски личности е откажана, со оглед на тоа дека во програмата било предвидено да ја носат и деца.
Извори за А1он велат дека како главен гостин говорник е најавен поранешниот британски претседател Тони Блер, кој ќе одржи двочасовен говор од 18:30 до 20:30 часот во новиот театар, како дел од Самитот за мир. Присуството на фестивалот го потврдила и британската баронеса Францес Д`Соуза. Македонија ќе домаќин на политичари, бизнисмени и познати личности кои заедно ќе ја упатат пораката за мир и единство на 1 и 2 октомври.
За првпат ќе биде изведена и песната „Мајка“ посветена на Мајка Тереза. Полчасовниот перформанс пред Камениот мост во Скопје ќе биде дополнет со танц на неколку стотини танчери од балетскиот училишен центар и изведување на сопствена песна на малиот Ангел Бекарски. На самиот настан ќе бидат испратени пораки за мир.
Петар Клинчарски