Почина ракометниот тренер Александар Јовиќ

Од:

Ненадејно во текот на ноќта почина тренерот и поранешен македонски репрезентативец Александар Јовиќ.

Јовиќ почина на 51-годишна возраст, а последно работеше како тренер на македонскиот суперлигаш Пролет. Низ тренерската кариера беше асистент на Лино Червар во Металург, а самостојно го водеше и Металург 2 и Еурофарм Пелистер со кого стана шампион на Македонија.

Како играч, Јовиќ беше дел од Металург, Вардар, Пелистер, Преспа, Борец од Македонија, како и Болоња од Италија, Сплит од Хрватска, Апатин од Србија, и Слобода Тузла од БиХ.

Јовиќ беше и поранешен македонски репрезентативец како дел од генерацијата која го вивна македонскиот ракомет на европската и светската сцена.

Би можело да ве интересира

Почина Јагнула Куновска

Горан Наумовски

Почина продуцентот Ричард Пери

Малолетен фудбалер (17) колабира и почина на теренот

Почина генерал-мајор Ѓорѓи Бојаџиев, поранешен началник на Генералштабот на Армијата

Почина една од повредените во несреќата на железничката станица во Нови Сад

Почина поетесата и авторка за деца, Славка Арсова