Американскиот претседател Барак Обама изјави дека американската војска ќе остане во „нормален статус на функционирање“ по неусвојувањето на буџетот во Конгресот, но ги предупреди цивилите кои се вработени во министерството за одбрана дека може ќе заминат на принуден одмор.
– Знам дека наредните денови би можеле да донесат поголема неизвесност, вклучувајќи и можни принудни одмори. Вие и вашите семејства заслужувате повеќе од нефункционирањето што го видовме во Конгресот, рече Обама во телевизиското обраќање на Телевизијата на американските оружени сили, откако стапи во сила финансиската блокада на Владата во Вашингтон.
Обама вети дека ќе стори се Конгресот да ја деблокира повторно Владата во Вашингтон „што поскоро“.