Десет од новите полициски возила „Шевролет“ за СВР – Охрид

Од:

Секторот за внатрешни работи – Охрид доби десет од новите полициски возила „Шевролет-спарк“ што неодамна беа набавени за потребите на Министерството за внатрешни работи.

Според распоредот, по две возила се отстапени на полициските станици во Струга и Кичево, а едно на полициската станица во Дебар. Преостанатите пет возила ќе останат во Охрид, за потребите на охридската полициска станица односно за полициската станица за безбедност во патниот сообраќај.

Новите возила „Шевролет-спарк“ што значително го подновија возниот парк на СВР Охрид, веќе се ставени во функција на целото подрачје за редовно извршување на полициските активности.

Возилата што се во полициска изведба, покрај уредите за звучна и светлосна сигнализација, имаат целосно вградена современа и неопходна полициска опрема. Со нивната употреба значително ќе се зголеми ефикасноста и ефективноста на полициската служба.

Би можело да ве интересира

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он

Уапсен е битолчанец – кај него пронајдени три пушки и три пиштоли

А1он

Претреси на 32 локации во Скопје по наредба на судија, се проверуваат и простории на МВР