Чии милијарди евра се наоѓаат на „Шереметјево“?

Од:

Околу 20 милијарди евра веќе шест години се наоѓаат на московскиот аеродром „Шереметјево“, а се шпекулира дека тие пари му припаѓаат на починатиот ирачки диктатор Садам Хусеин, пренесе „Дејли мејл“.

Парите се донесени со авион од Франкфурт и се чуваат во добро заштитен склад. Според рускиот закон, никој освен законскиот сопственик не може да ги подигне. На пакетот со парите пишува дека испраќач е Иранец, педесет и четиригодишниот Фарзин Корориан Мотлаг, кој што е поврзан со обидот за грабеж на Централната банка во Абу Даби 2010 година.

На пратката не е напишано името на примачот, додека Мотлаг никогаш не дошол да ги бара парите.

Многумина меѓу кои и припадници на чеченски и украински криминални групи се обидувале да ги убедат официјалните лица на аеродромот да им ги предадат парите, но не успеале во тоа, бидејќи ги немале потребните документи.

Анонимен руски разузнавач за руски медиуми изјавил дека е можно парите да му припаѓаат на Садам Хусеин.

-Добро е познат фактот дека околу 45 до 75 милијарди евра кои се сопственост на Хусеин, сега кружат низ светот. Постои и друга можност, бидејќи Садам не беше единствениот диктатор кој направи големо богатство, еден од нив е и Моамер Гадафи. Можно е парите да припаѓале и на руска мафија или корумпирани официјални лица, но станало премногу опасно за нив да ги земат тие пари. Се работи за голема сума, вели разузнавачот.

Според неговите зборови, Мотлаг веројатно ги чувал тие пари, но ја изгубил контролата над нив.

Управата на аеродромот ја отфрла можноста дека парите му припаѓале на Хусеин, со оглед на тоа што во Русија пристигнале, четири години по падот на неговиот режим и осум месеци по извршување на смртната казна.

-Испраќачот не го напишал името на примачот. Ова е невообичаено и сугерира дека нешто не е во ред-вели експертот за царински прашања, Вадим Љалин.

Парите останаа на аеродромот бидејќи ниту државата не ги заплени.

-Русија не може да ги заплени, бидејќи нема законска основа за тоа. Парите се вистински и испратени од германска банка, изјави Љалин.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава ФОТО

Предраг Петровиќ

Американец кој се борел како платеник за Украина е осуден на 6 години затвор

Пратениците на Левица остварија средба во Собранието со рускиот амбасадор Баздникин

(ВИДЕО) Блиска средба: Ф-16 испратен да пресретне руски Су-35 на Алјаска

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски