Социјалдемократската партија на Германија (СПД) денеска официјално го избра Олаф Шолц за свој кандидат за канцелар.
За Шолц гласаа 591 делегат, а против петмина.
Шолц доби шестминутен аплауз по неговиот говор на состанокот на СПД во Берлин и вети победа на социјалдемократите на изборите, објави Билд.