МВР извести дека вчера 41- годишник од тетовско село пријавил дека бил измамен од А.И. (58) од тетовското село Теарце, кој требало да му изврши градежни работи за цена од 27.000 евра. Според пријавеното, иако му било платено (дел во кеш, а дел со тоа што му дал возило „мерцедес“) посочениот ниту ја завршил работата ниту пак се јавувал на телефонските повици на оштетениот.
„Исто така, во 14 часот во СВР Тетово 43- годишник од друго тетовско село, пријавил дека бил измамен од А.И., кој за да му плати претходен долг му го дал возилото „мерцедес“, кое било на име на 41-годишникот, кој пријавил дека е оштетен од А.И.“, велат од полицијата.