(ВИДЕО) Петрушевски: СДС јавно да се извини за Груби

Од:

СДС јавно да се извинат за Груби. Од криминалите за Лотарија, преку дуќанот на улица Македонија под цена, до луксузното возило кое демек не е негово, туку му го дал пријател, Груби мириса на криминал и корупција. СДС знаеле што прави Артан Груби, и го дозволиле неговиот криминал, изјави Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

– Со години и ВМРО-ДПМНЕ и медиумите и граѓаните алармираа и предупредуваа дека Груби ја ограбува државата, а СДС и ДУИ молчеа. Со што ги држел Артан Груби СДС и ДУИ па никој не смеел да му застане на патот? Дали уште СДС се уценети од Груби и затоа не смеат да се откажат од него и со што? Жално е да се гледа како СДС се претвори во партија на уценети политичари, кои заради свој личен комодитет ја уништуваат опозицијата. Ќе се охрабри ли некој во СДС да каже НЕ на Груби и политичарите кои ги уценуваат во врвот на СДС – рече Петрушевски.

Би можело да ве интересира

Младеновска: Оставка за Клековски, призна дека „црвените светла“ се запалиле предоцна во Гостивар

Петрушевски: Додека СДС се занимава како да ќари политички поени, надлежните во државава работат и ситуацијата во Гостивар се стабилизира

ВМРО-ДПМНЕ: Институциите се справуваат со состојбата во Гостивар без одлагање

(ВИДЕО) Шајн: Пецаков и ВМРО го загрозија статусот на Охрид, УНЕСКО алармира на пропустите

ВМРО-ДПМНЕ: Коалицијата СДС, ДУИ, Таравари го доведе Гостивар до колапс, повикуваме да се расчисти зошто над 1000 граѓани пројавија симптоми на труење?

ВМРО-ДПМНЕ: Заради виктимизација СДС, Левица и ДУИ ја одбија досега невидената понуда и бланко лист од Владата