Во Маврови Анови измерени – 3 степени, преку ден слаб дожд, ноќеска снег

Од:

Најстудено утрово беше во Маврови Анови каде се измерени – 3 степени, на Попова Шапка – 2 и во Крива Паланка – 1 степен, во Виница и Тетово се измерени еден степен, Скопје-Зајчев Рид, Штип, Струмица, Берово и Прилеп два степени, Скопје-Петровец, Велес и Кавадарци три степени, во Битола, Демир Капија и Крушево четири степени, во Гевгелија пет додека во Охрид и Претор седум степени.

Најмногу снег има на Попова Шапка 36 сантиметри, додека во Маврови Анови 21.

Времето во текот на ноќта беше променливо облачно, во западните и северните делови со повремени слаби врнежи од дожд. Утрово во северните делови на планините и на повисоките места врнежите беа од слаб снег. Дуваше слаб до умерен, наместа засилен ветер од северен правец.

Времето денеска е претежно облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието. Во текот на ноќта врнежите ќе бидат пообилни и постепено ќе преминуваат во снег и во пониските места. До изутрина на повеќе места ќе се формира снежна покривка. Максималната температура ќе достигне од 2 до 10 степени.

Во Скопје претежно облачно со повремен слаб дожд, во повисоките делови од котлината слаб снег. Во текот на ноќта врнежите ќе се интензивираат и ќе преминат во снег, па до изутрина ќе се формира снежна покривка. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 5 степени.

Би можело да ве интересира

3,5 милиони евра за снегот и мразот по улиците, но сумата допрва ќе расте

Скопје под снег, врнежи во цела Македонија

Предраг Петровиќ

Сообраќајот во зимски услови, снег на патот Тетово – Попова Шапка, Гостивар – Стража и Страцин

УХМР најавува студен бран со обилни врнежи од снег

Доаѓа студен бран и врнежи од снег, ЦУК апелира на соодветни подготовки ако се оди на пат

Катерина Ѓуровски

Најстудено во Берово, најмногу снег на Попова Шапка