Пожарот Кенет, кој ги зафати окрузите Лос Анџелес и Вентура, во моментов е 50 отсто локализиран, соопшти калифорниската противпожарна служба.
Во пожарот досега изгореа 1.052 хектари, а пожарникарите се уште се борат со него, јави Си-Ен-Ен.
Во меѓувреме, издадена е нова наредба за евакуација поради пожарот во Палисeјдс, кој сега се шири во областа помеѓу меѓудржавниот пат 405 и резерватот Енсино.
Проширена е нова зона за евакуација во близина на еден од најпрометните автопати во Лос Анџелес, како и во близина на музејскиот комплекс Гети Центар. Два нови центри за евакуација се отворени и во Лос Анџелес, бидејќи повеќе од 100.000 луѓе се под наредба за евакуација низ округот.