Сенатот ќе го отфрли последниот предлог на Претставничкиот дом за финансирање на владата

Од:

Сенатот на САД денеска планира да ја прекине седницата до 9 часот и 30 минути по локално време, објави лидерот на демократското мнозинство во Сенатот Хари Рид.

При обновувањето на седницата демократите официјално ќе го отфрлат последниот предлог на Претставничкиот дом за финансирање на владата.

Белата куќа нареди на федералните служби да изработат план за организиран прекин на работата, бидејќи до полноќ на 30 септември законодавците не успеаја да постигнат компромис и САД влегуваат на 1 октомври во новата фискална година без буџет.

Наспроти подготoвките за прекин на работата на државната администрација, министерствата и службите, одговорни за безбедноста, вклучително и надворешни активности, ќе продолжат со работа.

Предвидено е да продолжи исплатата на социјална помош, но нема да се прифаќаат нови молби, а ќе прекинат со работа националните паркови и музеите.

Сенатот на САД во кој мнозинство се демократите, одби синоќа предлог за буџетот кој претходно беше изгласан во Конгресот во кој републиканците имаат мнозинство, и според кој во следната година би се одложила примената на законот за здравствено осигурување познат како Обамакер. Сенатот усвои своја сопствена верзија за буџетот со која се предвидуваат средства за Обамакер, отфрлајќи со тоа претходно предложено законско решение и враќајќи го предлогот на повторно одлучување во Конгресот.

Американската Влада неколку пати од 1977 година делумно го прекинува работењето поради несогласувања меѓу Белата куќа и Конгресот. Извршната власт останувала без средства на различен рок, а најкраткиот е на три дена. Рекордот од 21 ден без финансирање е во периодот од декември 1995 година до јануари 1996 година.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Објавена снимка од американски разурнувачи кои пукаат во ирански ракети

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак